- Замесете тесто од сите наведени состојки за истото. Оставете го околу 10-15 мин,. да се одмори, а потоа поделете го на 11 еднакви дела.
- Секој дел расукајте го во големина на малa чинија. Премачкајте со стопен маргарин или путер или по малку нарендајте на 1 кора, покријте со друга кора, значи ќе составите две кори. Продолжете така да спојувате останатите кори со тоа што една ке биде од три кори, за неа се премачкуваат или се ренда на две кори и се покрива со третата. Тргнете ги настрана сите кори.
- Земете го најпрвин тестото од три кори, расукајте во правоаголна форма во големина на тава 34 х 22 или малку поголемо, ставете го во подмачканата и со хартија послана тава. Премачкајте ја оваа кора со 1/2 од филот со блитвата.
- Расукајте кора во иста големина од тестат споени со две кори, ставете ја врз филот со блитвата,  премачкајте ја со филот од сирењето или урдата, врз него наредете од шунката.
- Расукајте го третото тесто од две кори, поставете ја и премачкајте со ајварот.
- Расукајте ја четвртата кора од од споени две теста, ставете врз кората со ајварот и сега ставете ја втората половина од филот со блитва.
- Конечно ја расукувате петтата кора од споените две теста, ставете врз филот со блитвата - и готово - погачата е формирана.
Останува сега да ја премачкате целата погача со смесата за премачкување, посипете ја со сусам и исечете на квадрати.
- Ставете ја да се пече веднаш во претходно загреана рерна од 200 степени околу 40 мин, со тоа што после 20-тата минута покријте ја со хартија за печење за да не прегори, но тоа зависи сепак и од самата рерна. Може да ја печете 20 мин, на 200 степени и потоа ја намалите температурата на 180 степени и печете уште 20 до 25 мин.
ПОДГОТОВКА НА ФИЛОВИТЕ
1. Блитва
- Исецкајте свежа блитва, додадете сирењето или урдата, јајцето и размешајте.
2. СИРЕЊЕ
- Дробеното сирење или урда измешајте ги со 2 јајца.
- Шунката тенко исечете ја на кругови.
СМЕСА ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
- Измешајте киселата павлака со јајцето
Напомена
- Јас је печев во големата ростер тава.
- Многу е напишано, но подготовката е лесна. Не знам дали успеав добро да го објаснам рецептот, ако има некое прашање, јас сум овде и ви стојам на располагање - слободно прашајте.
- Покрај тоа што е декоративна, оваа погача е и многу вкусна. Послужена со јогурт за доручек е создадена, а ништо помалку е вредна да се најде и на славска трпеза.
Рецептот е на коол пријателка Слаџана.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани