Овој рецепт, налик на трилече настана во момент кога желбата за да се јади трилече беше голема, а можноста да се купат сите потребни состојки беше мала ( доцни вечерни часови ехех ).И имам искористено само еден вид на млеко во него, но тоа не го намали воопшто убавиот вкус.
Најпрво ги матиме со миксер јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па откако ке добиеме убава пенаста смеса го додаваме брашното и прашакот за пециво. Вака добиената смеса, ја ставаме во набрашнет калап, и печеме околу 20 минути без да ја отвораме рерната.
Откако ќе биде готов пандишшанот го оставаме малку да олади, колку да може да се одвои, од калапот, и после тоа од горе го поливаме со млекото ( значи само еден вид на млеко искористив )
Го оставаме неколку часа да олади убаво, од горе го премачкуваме со готов прелив од карамел, кој може да се најде во секој поголем маркет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови