Подготовка
На пареа ги матиме јајцето и шеќерот додека не добиеме густа смеса. Веднаш го додаваме путерот, сецканите ореви, мелените бисквити, сецканото желе, чоколадата, сувото гројзе мешаме додека не добиеме компактна смеса.
Смесата ја нанесуваме на половина од обландата, додека другата половна врз смесата и притискаме со тежок предмет додека не ни се залепи обландето.
Сечеме на триаголници кои ги натопуваме со чоколада и украсуваме со сецкани желе бомбони.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани