Фил
Во 1 литар млеко сварете го пудингот според упатството на кесичката. Во пудингот додадете едно чоколадо и оставете да истине.
Шлагот изматете го, додадете го во пудингот  и измешајте.
Бисквитите натопете ги во млеко, редете ги на фолија, направете еден ред намачкајте го со филот, направете уште еден ред и намачкајте го со филот. На третиот ред ставете на средина две банани, а странично ставете бисквити. Премачкајте со филот и со помош на фолијата на која редевте бисквити направете триаголник, завиткајте и ставете во фриждер да се стегне. Од  горе украсете со останатиот фил и топено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани