Триаголници или питулици....кој како сака...многу вкусни особено за појадок во комбинација со кисело млеко. За преливот во една чаша полниме 200 мл млака вода додаваме едно пециво и 50 мл масло за јадење. На масата ги отвараме корите и ги сечеме на половина доколку сакаме помали триаголници, ако сакаме поголеми тогаш работиме со целата кора. Во посебен сад го дробиме сирењето, ги кршиме јајцата и се заедно промешуваме. Земаме една кора и ја премачкуваме со преливот. Потоа ја предиплуваме на три дела по должина. И добиваме правоаголно парче. На едниот ќош со мала лажичка ставаме од филот со сирење и јајца и почнуваме со виткање на триаголикот и така до доле. Прво се префрла од едната страна, па од другата страна се додека да се завитка целата кора. Постапката за помали триаголници е иста како и за големите само што наместо кората да се превиткува на три дела, веќе исечената половина кора се предиплува уште на половина.
Подготвените триаголници се редат во плех обложен со хартија за печење и се премачкуваат со остатокот од преливот. Се печат во претходно загреана реrна на 220Ц додека да поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови