- Кромидот и морковите се мелат во блендер или сецко, потоа се додава тофу сирењето и јајцето и се продолжува со блендирање уште 30-тина секунди.
- Во добиената смеса се додава овесното брашно, квасецот, семките од тиква, салсата и зачините, се убаво се соединува со шпатула. Се остава во фрижидер 30 минути.
- На плех обложен со хартија се формираат плескавици со средна големина, доколку смесата ви се лепи навлажнете ги рацете со вода или масло.
- Печете 15-20 минути на 200Ц.

Напомена
Препорачувам да користите димено тофу сирење кое дава посебен вкус на овие бургери, рецептов може лесно да стане посен со тоа што јајцето ќе го замените со 1 лажица мелено ленено семе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови