На децата задоволството ладен сендвич кој нема да е класично со салама и кашкавал можите да им го подметните и во облик на торта која ќе ја украсите заедно за мотивација потоа тие први да седнат и да чекаат парче.

На рамна долгунеста чинија наредете 3 парчиња тост леб и попрскајте ги со течноста од киселите краставички. Во зависност од тоа колку е сув лебот и желбата за вкус на водата можите и кратко да ги потопите во неа наместо да ги попрскувате.

Туната изцедете ја од маслото и измешајте ја со сенфот, па премачкајте врз наредените тост лепчиња.

Врз нив на ист принцип наредете ги и следните 3 и премачкајте ги со слој домашен ајвар.

Врз слојот од ајвар исто така наредете ги и последните 3 лепчиња.

Измешајте го мајонезот со павлаката и премачкајте ја тортата одозгора.

Украсете со кечап, маслинки, кисели краставички, магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани