Дечки, јас авокадо - обожавам. Бојата толку многу ме воодушевува, но и хранивоста која ја има авокадото. Во последно време многу често го јадам за појадок, но и за вечера, така, на печено лепче. Но, еден ден решив да го направам овој ПРЕВКУСЕН тост затоа што во него се комбинирани моите три омилени состојки - лут сос, сино сирење и авокадо. Ако сте љубител на ова, верувајте дека нема да погрешите да го направите, а ако се двоумите, дајте му шанса и пишете како ви се допаднал.

Двете лепчиња намачкајте ги со путер. На едната страна намачкајте сенф. На двете лепчиња ставете малку изронето сино сирење. На едното лепче наредете ги парчињата авокадо и ставете малку лут сос од горе. Преклопете го сендвичот. Во тавче за печење ставете малку путер. Кога ќе се растопи, ставете го сендвичот и печете го 3 минути односно додека да порумени убаво. Превртете го и печете го уште 3 минути (или помалку) на другата страна. Пресечете го на половина и сервирајте го со салата.

Забелешка - Ако не јадете луто, не ставајте чили или лут сос. Но, малку луто одлично оди со кремастото зелено авокадо. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови