Неодамна го најдов во интернет овој оригинален рецепт. Им се допадна на сите што пробаа.
1. Сувите состојки ги мешаме.
2. Потоа во смесата се додаваат јајцата и растопениот маргарин.
3. Се тоа убаво се меша и се става во плех обложен со хартија за печење.
4. Се пече 1 час на 180 степени.
5. Испечениот пандишпан го оставаме да се олади.
6. Слатката павлака ја матиме со миксер, потоа во неа се додава ванила и продолжуваме со мешање.
7. Чоколадото се сече на коцки и се додава во павлаката.
8. Пандишпанот го длабиме во средината и врз тоа ставиме банани.
9. Врз бананите се става фил од слатката павлака и чоколадо.
10. На крајот се става останатиот пандишпан издробен со рака.
11. Тортата се става во фрижидер да се олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови