1. Лососот се зачинува со сол и бибер и се пече на грил тава. Кога ќе се олади, му се вади кожата и се дели на парчиња.
2. Авокадото убаво се пасира и му се додаваат останатите состојки за преливот. Ако ви дојде преливот погуст додадете 1-2 лажици вода.
3. Тортиљите се затоплуваат во нелеплива тава, се премачкуваат со малку од авокадо преливот и се полнат со зелената салата, руколата, краставицата на ленти, кромидот на резанки, парчињата лосос, сецканото чили пиперче.
4. Одозгора повторно се прелева со преливот од авокадо.

*ако ја исклучите павлаката од преливот, може да си направите и посна верзија на овие тортиљи. Место со павлака, преливот разредете го со вода, малку маслиново масло и лимонов сок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани