Најпрво стекот го посолуваме и зачининуваме, потоа го додаваме маслото и пивото и оставаме во фрижидер околу 30 минути.
На овој начин пилешкото се маринира и омекнува од пивото.

Го замесуваме тестото од дадените состојки и оставаме да се одмори 15минути.
Се дели на 13 топчиња. Јас ги правев помали, секое топче се расукува во дебелина од околу 2 мм.
Се печат без масло на загреано нелепливо тавче на умерена температура.
Печените тортиљи се редат една врз друга покриени со кеса, за да останат помеки.
Пилешкото го печеме на грил тавата, а потоа го сечеме на ленти.
Се полнат тортилјите со месото и зеленчукот по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови