Го запржуваме кромидот додека омекне, а потоа го додаваме меленото месо, при крај ги додаваме зачините.
Бешамелот го приготвуваме така што во теџерче на тивко ставаме да се топи путерот, се додава брашното и се запржува. Потоа се додава претходно замлачено млекото за да не се направат грутки во сосот, додаваме сол и мешаме се додека не ни се згусне сосот.
Оставаме бешамелот малку да се подолади, а потоа го мачкаме на секоја тортилја.
Додаваме од месото и по две парчиња домат и на крај слатко си дегустираме .

На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани