Брз, вкусен, пикантен ручек.
Во една касерола се налива вода и се додава некое зрно сол.
Кога ќе зоврие водата ги додаваме тортелините да се варат според упатството.
За тоа време го спремаме сосот.
На загреано маслиново масло се ставаат сецканите пиперки малку да се запржат.
Потоа ја ставаме сецканата сланинка.
Нека се пржи околу 2-3 минути, да се спојат вкусовите.
Зачинуваме со оригано, сол, бибер, мешавина на италијански зачини.....
Сега ја налеваме павлаката за готвење и нека крчка 2-3 минути со повремено мешање.
Пред крај го додаваме сецканиот кашкавал.
Сварените тортелини ги процедуваме.
Сервираме тортелини, ги прелеваме со сос, наросуваме црн пипер и уживаме во топлиот ручек со чаша бело вино.
Ручек кој бара само 20 минути за подготовка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани