Тортелините ги вариме во солена вода според упатството на амбалажата.
Во тава на рингла ставаме едно парче путер да се растопи. Во него ставаме да се пржи млад кромид и млад лук, ситно исечкани заедно со перцата. Додаваме една полна супена лажица брашно и пополека го пржиме додека не престане да се пени.
Млекото внимателно малку по малку го додаваме во смесата за да ја одржуваме саканата густина, околу половина литар млеко. Посолуваме по вкус, наросуваме мелен црн пипер и сосема малку оригано.
Во врелиот сос ги ставаме сварените тортелини и оставаме само половина минутка да закрчка.
Овој рецепт го направив како прилог со похован пржен пилешки стек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови