Измешајте ги течните состојки.
Потоа постепено додавајте ги сувите состојки и на крај ренданите јаболки.
Убаво измешајте.

Истурете ја смесата во округол калап(бр.26) премачкан со масло и набрашнет.

Печете на 180 степени, 50-тина минути, зависно од рерната.
Најдобро е да проверувате со чепкалка.

Испечената торта оставете малку да подолади па премачкајте ја со мармалад.

Забелешка
Чашата(шољата) ја полнев полна само со брашно. Кај другите состојки(кисела вода, масло и шеќер не ја полнев скроз до горе).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани