
Торта со три вида чоколадо
Неодоливо вкусен десерт....
Многу ни се допадна.
Рецептов го најдов на нет, а има и видеа на јутуб за слично нешто.
Бисквитите ситно се мелат, се мешаат со маргаринот и млекото, се замесува и се оформува подлогата во калап за откопчување со пречник 26цм..
Се меша павлаката и млекото и се дели на три дела.
Над пареа се топи црното чоколадо и му се додава 500мл.од течноста со 75гр.шеќер во прав. Се меша додека се изедначи смесата, се добие еднолична маса.
Претходно 15 гр.желатин налеан со 8 лажици ладна вода и набубрен, на тивок оган се втечнува и се додава во смесата.Се меша убаво, малку да здивни и се излева над подлогата.
Се става во фрижидер да се излади и стегни 2 часа.
На ист начин се подготвува и делот со млечното чоколадо. Се излева над првиот и повторно 2 часа во фрижидер.
После 2 часа се излева и третиот подготвен дел со белото чоколадо.
Оставаме во фрижидер преку ноќ.
Украсуваме по желба и послужуваме...
Узивајте во ова тројно задоволство...)))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Milo mi e...