Сочна и кремаста торта со уникатен вкус.

Подготовка
Ја вклучуваме рерната на 180 степени да се загрева. Ги соединуваме сувите состојки за бисквитното тесто, па ги просејуваме. Ги соединуваме течните состојки (освен врелата вода) па ги матиме со миксер за да се соединат. Постепено на течните ги додаваме сувите состојки и врелата вода, лесно матејќи ги со миксер.
Смесата ја истураме во калап бр. 24 кој сме го обложиле со хартија за печење. Се пече околу 50 минути (во мојата рерна), ама најсигурно е да проверите со чепкалка. Оставете го убаво да се излади.
Пресечете го горниот дел и отстранете го (ако ви се направи како полусфера). Остатокот пресечете го на три еднакви дела.
За ганажот ставете ја слатката павлака на оган и кога ќе се загрее убаво (да не врие) ставете го чоколадото и со мешање растопете го. Премачкајте ги сите три кори откако малку ќе олади и оставете ги корите во фрижидер да се стегне ганажот, ама не ги спојувајте.
За кремот
Ставете ги на ниска температура заедно белото чоколадо и кикирики путерот со постојано мешање, да се соединат и чоколадото да се растопи. Ова може да го правите и на пареа. Оставете да олади. Откако ќе олади ставете го крем сирењето и изматете ја со миксер.
Слатката павлака, шеќерот и ванила екстрактот изматете ги со миксер, па со
шпатула измешајте ја во кремот со путерот од кикирики (може и со миксер на најспората брзина).
Врз секоја кора премачкана со ганаш ставаме 1/3 од кремот. Украсуваме по желба и ја оставаме во фрижидер.

Забелешка
Кога ќе ја истурите смесата за бисквитот ќе ви се чини дека е течна. Не е, таман си е, само е важно да ја испечете убаво, а бидејќи е доста високо најдобро е да ја проверувате со стапче за ражничи дали е печено. Кога ќе излезе суво извадете го тестото од рерна. Оставете го да подолади па извадете го од тавчето. За да го сечете потребно е сосема да биде изладено, за да се пресече убаво.
Може да користите готов путер од кикирики или направен дома по овој рецепт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани