Една од најинтересните торти на изглед, полесна верзија од оригиналната руска торта. Одзема малку повеќе време, но крајниот резултат е преубав.
Мед, шеќер и путер се ставаат во среден сад за сос на тивок оган и се мешаат додека шеќерот не се стопи (околу 5-7 минути).
Кори
Се трга садот од оган и додека е жешко полека се додаваат јајцата и со маталка се меша интензивно за да не се зготват јајцата. Се додава пецивото и убаво се мати да нема грутки. На крај се става брашното и се меша со спатула. Треба да се добие меко тесто што не се лепи на раце. Додадете брашно доколку е потребно.
Тестото се сече на 8 парчиња. На убаво набрашнета површина се сукаат во кори долги околу 20 цм. Одозгора се посипува малце брашно да не се залепи тестото за оклагијата. Користете тепсија како мерка за да ги исечете корите во правилен круг подеднакво. Зачувајто ги вишокот исечено тесто.
Задната страна од плехот се обложува со хартија за печење и се печат по две кори одеднаш (мојот е помал и собираше само една кора). Се печат на 180 степени околу 4- 5 минути или додека не поруменат.
Откако ќе се испечат сите кори, на истата хартија се печат и исечените парчиња тесто што останаа. Кога ќе се оладат испечените парчиња, се мелат во сецко.
Фил
Се мати шлаг пената со млеко по упатство. Во посебен сад се мати неутралната павлака со шеќер во прав, се спојуваат заедно со спатула и се ставаат во кратко во фрижидер.
Се реди тортата кора па фил и цела се мачка со филот. Секоја кора се притиска нежно врз другата за да нема воздух меѓу нив. Се посипува со мелените кори, се прекрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер преку ноќ за убаво да се соедини се и да омекнат корите.
Декорирајте со јагоди.
Забелешка
Најлесно е да се исукаат две кори и додека се печат тие да сукате други две и така ќе завршите за пола час максимум. Искористете ја истата хартија за печење за сите кори и тоа ќе скрати време.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови