Многу сум среќна што ја пополнив мојата прва стотка на рецепти на овој одличен сајт.
Со овој рецепт сакам да заокружам една убава скромна бројка на рецепти и да се заблагодарам на сите што ги читаа, па би сакала да ве заблажам со по едно парче од оваа превкусна торта.
Ве поздравувам сите и продолжуваме да се дружиме.

Кроасаните се сечкаат на ситни парчиња, потоа се додаваат оревите, чоколадното млеко, маргаринот и бисквитите и со рака се замесува.
Во кружен калап бр.26 за торта ја ставаме смесата и со рака формираме кора.

За филот најпрво го ставаме желатинот со водата да нарасне 15 мин.
Киселата павлака и шеќерот во прав ги мешаме убаво, слатката павлака ја матиме со миксер, а потоа ги соединуваме.
Го додаваме желатинот и матиме убаво. Смесата ја делиме на два дела во едниот дел го ставаме претходно растопеното чоколадо, а во другиот дел капините (изблендирани).

Врз корта од краосани го ставаме прво филот со чоколадо, а потоа и другиот дел од филот со капини.
За преливот содржината од кесичките промешајте ја со 2 лажици шеќер, а потоа постепено додавајте 500 мл сок од вишни за да нема грутчиња ставете ја на оган и варете 1 мин со постојано мешање.
Оставете да се излади 7-8 мин и ставете го врз тортата и оставете преку ноќ да стои во ладилник.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови