Убава мека, сочна торта која може да ви се најде за време на постот.

Во длабок сад ставете ги топлата вода и шеќерот.
Мешајте додека шеќерот малку се подрастопи.
Додајте ги постепено останатите состојки и измешајте убаво со жица за матење.

Истурете ја смесата во округол калап(бр.26).

Печете во загреана рерна на 200 степени 25-30 минути (зависно од рерната, а најдобро проверувајте со чепкалка).

Испечениот колач додека е топол премачкајте го со мармаладот и посипете со бадеми(претходно поминати во кујнски сецко).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани