Оваа торта-ремен е комбинација на моите омилени вкусови орев, лешник, малку чоколадо, доста е вкусна и сочна и не е многу тешка за јадење. Посебно ми се допаѓа пудингот од лешник чиј вкус доминира и фасцинира.

1. Најпрво се подготвува филот. Пудинзите од лешник се мешаат со 2 лажици шеќер, потоа се додава 200 мл. млеко и се меша да нема грутчиња.
2. Другите 600 мл. млеко и 4 лажици шеќер се загреваат во тенџерче и штом млекото ќе зоврие се тура смесата за пудинг, се вари густ пудинг, се трга настрана и се лади убаво.
3. Јајцата и шеќерот се матат пенесто, се додава презлата и оревите и на крај се додават заедно просеаните и измешани брашно, какао и пециво.
4. Смесата се меша и убаво изедначува, се истура во правоаголна тава (35 х 27 см) обложена со хартија за печење и се печи околу 15 минути на 200 степени.
5. Путерот стоен на собна температура и шеќерот во прав се матат пенесто и му се додава целосно изладениот лешник пудинг. Се мати да се добие убав крем и на крај се додава ренданото чоколадо.
6. Од изладеното тесто се отстранува хартијата, се сече на 3 еднакви ремени и почнува да се филува со филот кој се дели на 3 дела од кои 1 дел треба да е повеќе за да стигне за одозгора и од по страните.
7. Крем шлагот се подготвува по упатството и со готварски шприц се украсува тортата, а на крај се декорира со цели лешници или по желба. Се чува во фрижидер малку да се стегне и се служи за неколку часа.

Овде може да се прават комбинации на јаткасти плодови и вкусови на пудинзи зависно од посакуваниот вкус, но основата на другите состојки е таа.
Пријатен тек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани