Торта која се топи в уста и за која ќе барате репете со гаранција. Овошјето е опционално и по ваш избор.

Подготовка

Кори
Направете цврст снег од белките со шеќерот и полека додавајте го оцетот и брашното. Калапот за печење намачкајте го со маргарин, обложете го со хартија за печење и повторно намачкајте со маргарин. Истресете ја смесата, израмнете и печете околу 1 час на 150 степени. Одвојте ја кората од хартијата и по должина исечете ја на 3 дела.

Фил
Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте го брашното, млекото и ванилата. Сварете да се згусне и добро да се излади. Во ладниот крем додадете го изматениот маргарин.

Слатката павлака изматете ја во шлаг.

На дно на долгнавеста чинија ставете една кора, премачкајте со третина од кремот, наредете банани исечкани на кругови, премачкајте шлаг. Покријте со другата кора, намачкајте крем, редете исечени јагоди па шлаг. Ставете ја третата кора, остатокот од кремот, портокалите исечкани на кругови и шлаг. Целиот колач убаво премачкајте го со шлаг и убаво изладете го.

Ставете ја тортата малку во мразот за побрзо да стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови