Оваа прекрасна торта ја подготвив за роденденот на мајка ми. Таа многу сака вакви кремасти торти, кои се на база на ореви и чоколадо, па овој рецепт и беше баш погоден по мерак. Името на тортата „Најубави желби“, која убаво се вклопи за овој убав повод.

1. Белките ги матиме со прстофат сол, додека да добиеме убава пена. Потоа се додава шеќерот, лажица по лажица и се мати додека да се стопи целиот шеќер и добиете убава густа смеса.
2. Потоа се додаваат сувите состојки и се меша со лажица, но не премногу, за да остане убава пенеста структура.
3. Се пече во правоаголно тавче, на 200 степени, додека да фати убава коричка и се запече тестото. Отприлка требаат 5-7 мин, но се зависи од рерната.
4. Постапката се повоторува 3 пати. Печените кори се оставаат да се изладат.
5. Чоколаден фил - Жолчките и шеќерот се матат со миксер. Потоа се ставаат да се матат на пареа, додека да се згусне смесата и добиете светло жолтеникав фил. Во топлата смеса се става рендано чоколадо и се меша да се стопи и соедини. Се остава убаво да се излади до крај.
- Се мати пенасто маргаринот, кој предходно стоел на собна температура и омекнал. Кон него се додава изладената чоколадна смеса и се мати додека да се соедини. Во филот се ренда уште 50 гр чоколадо, за да има парчиња чоколадни низ филот.
6. Карамела фил - Шеќерот се топи додека да се карамелизира. Потоа се прелева со млеко и се вари. Предходно, со околу 200 мл млеко го раствараме густинот. Кога ќе зоврие млекото, се додава густинот и со постојано мешање, ќе добиете убав карамела пудинг. Се остава да се излади до крај.
-Повторно матиме маргарин и кон него се додава карамела пудингот и се соединува со матење.

Редење на тортата
1 кора
1/2 карамела фил
2 кора
Чоколаден фил
3 кора
1/2 карамела фил

Декорација - изматете 2 кесички шлаг крем според упатството и декорирајте по желба. Јас одозгора наросив со какао во прав, за да се добие интересен ефект.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови