
Торта Наполеон (јубилеен 100-ти рецепт)
Со оваа изворедна руска торта го заокружувам мојот 100-ти рецепт на оваа прекрасна страна. Како што е редот ќе кажам збор два повеќе за мене.
Мојата најголема пасија и интерест се тортите, професионално се заминавав со оваа дејност како слаткар подолго време, а сега со оглед на можностите само за одредени прилики во домашна изведба.
Особено сум вљубена во руските торти и имам голем почит во однос на комплексноста и техниката во нивната изведба, оваа торта ја сметам за ремек дело, а трудот вложен во нејзината изработка е навистина вреден.
Инаку тортата Наполеон ја симболизира победата на руската војска над големиот Наполеон во 19-век за време на Патриотската војна. И до ден денес ова торта е една од најпознатите торти во Руската кујна, а јас ја избрав токму неа за да го прославам мојот прв јубилеј овде.
Со зачленувањето на оваа страна научив многу од вас, особено се радувам на дружбата овде и радоста што ми ја носи секој споделен и прочитан рецепт. Се надевам на уште многу заеднички дружби и меѓусебна инспирација.
Според мене тајната состојка на секое добро зготвено јадење е љубовта спрема состојките со кои се готви и љубовта кон луѓето за кои е наменето. Затоа секогаш гответе со љубов!
Подготовка
- Во помал сад ја мешаме ладната вода и оцетот. Јајцето и солта ги матиме со вилушка и ги додаваме во садот со водата и оцетот.
- Во поголем сад или процесор за храна го ставаме брашното и путерот исецкан на коцки и месиме или миксираме се додека не добиеме ситни трошки. Полека ги додадаме течните состојки и месеме нелепливо тесто на набрашнета површина. Работиме побрзо бидејќи путерот не смее да се стопи.
- Тестото го делиме на 12 дела и секој дел го замотуваме во фолија и го ставаме во фрижидер да одмара 1 1/2 до 2 часа.
- Додека тестото одмара подгответе го филот. Во сад ставете ги жолчките, шеќерот и 50мл. од млекото и изматете ги со миксер. Потоа додадете го брашното и уште 50-тина мл. од млекото и изматете добро за да нема грутчиња. Преостанатото млеко загрејте го до вриење, дел од него сипете во смесата со јајцата и мешајте со жица постојано. Вратете ја смесата во млекото и варете на умерена температура околу 10 минути или се додека не се згусни кремата.
- Зготвениот фил оладете го целосно, покриен со фолија. Омекнатиот путер го миксираме се додека не побели, а потоа го додаваме оладениот крем и соединуваме до мазна крема.
- Рерната ја загреваме на 200-225Ц. Секој дел од тестото го развлекуваме со сукало помеѓу две хартии за печење во дијаметар од 26цм. Потоа земаме чинија со пречник 24цм и со нож сечеме круг. Кората ја боцкаме со вилушка и ја печеме заедно со остатокот од кората, се додека не зарумени околу 5 минути.
- Секоја кора ја премачкуваме со 3 лажици од филот и ги редиме една над друга. За да не ви се мрдаат корите може да ставите калап за торта. Гледајте да ви остане малку фил за да ги премачкате страните од тортата и последната кора.
- Остатокот од корите го дробиме и со добиените трошки ја украсуваме цела торта.
- Тортата ја оставаме 12 часа на собна температура, а потоа ја ставаме во фрижидер 2 дена да одседи за да се оформат вкусовите и корите да омекнат.
Напомена
Вкусот најмногу ме потсетува на кроасани полнети со ванила фил.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Neka ti se mnozat receptite i se druzime ponatamu.
Nekolku pati se navrativ na glavnata slika.
Совршена е тортата, со многу убав вовед и објаснување! Се согласувам потполно за руските торти и нивната умешност и комплексност на подготовка, кој секогаш ме воодушевуваат!
Се дружиме и понатаму, секое добро!
Site recepti odlicni...a, za ovaa torta sto da kazam, tokmu kako sto i i bila namenata - POBEDNICKA, prekrasna e! :-)
Milo mi e sto ni otkri deka si slatkar, pa se nadevam koga ke treba pomos, mozam da tropnam na vrata :-)
Se druzime i sekoe dobro :-)
p.s. I jas go obozavam toj taen zacin- ljubov, podarena od dusa-siri sreka, nasmeani lica, zadovolni luge :-)
Честитки за овој твој јубилеј и заокружување на еден дел од рецептите од твојата кујна што несебично го сподели со нас. Ти посакувам уште една нула до оваа јубилејна бројка! Поздрав и дружбата продолжува!
Тортичево за мерак, се воодушевив! ...само тоа чекањето ден-па и два....нешто не ми одговара...хахахах....ќе треба скришен фрижидер да набавам :):):)
Haha bash me nasmea, dodusha i na kaj toa cekanjeto e tesko, da ne recam edvaj :D pozdrav
Navistina prekrasna torta si odbrala za da go proslavis prviot jubilej...voodusevuva, a na vkus mozam samo da zamislam kakva e:)
Mnogu te pozdravuvam, ti pozeluvam se najubavo i uste mnogu podeleni recepti i odbelezani jubilei ovde na stranava:)
навистина неверојатна торта вредна за јубилеј!
И овој, како и другите твои рецепти, подготвен со одбрани состојки и многу внимание.
Како што веќе беше споменато, ти со своите рецепти овде донесе една поинаква перспектива на подготовката на одредени јадења. Трудејќи се да замениш многу состојки во поздрава варијанта, веруваме дека и на другите им даде инспирација како и нивните рецепти понекогаш да ги пробаат со поинаков состав.
Ти благодариме за твоите 100 рецепти и ти подаруваме Делимано Коперлукс Четириаголна тава со капак. Честитки!
Ги очекуваме твоите следни идеи,
тимот на МоиРецепти
Иако не можев да ве дружам веднаш во коментарите се радував на оваа твоја прва стотка, бидејќи за мене првите секогаш ќе си останат сентиментални :) Се радував и на твојот преубав рецепт и вкусотија од торта и дур стигнам да пишам, се радувам и за прекрасната награда од МР :)
Убав репертоар ни понуди од твојата кујна, веќе неколку од твоите вкусни, а здрави торти кои се поклопија и на мој мерак чекаат во омилени за проба. Очекувам и знам дека имаш уште многу вкусотии да ни споделиш, те поздравувам и ти честитам за јубилејната 100ка :*
Прекрасна јубилејка, прекрасни рецепти ни претстави, па и понатаму ти посакувам уште јубилеи и убаво дружење и споделување на кулинарски знаења. Поздрав од мене и секое добро :)