Мрзлива домаќинка ја нарекле, оти некоја како мене ја мрзело да печи, да приготвува се посебно, да мие повеќе садови... па така со една основа и додатоци со вкусови ете, некоја направила торта од типот „лапни-голтни“ , нешто слично на онаа Песок торта.

Основата, шлагот, киселата павлака и газираната вода можи да ја приготвите на два начини: или се заедно да изматите и да поделите на еднакви три дела или посебно да матите по 200 гр шлаг со кисела вода и на крај додавате од киселата павлака.
Доколку се одлучите посебно, киселата павлака можи и на лажица да ја додавате, по две лажици за секој слој на тортата.

Во првиот слој се додаваат мелените бисквити.
Калап на отворање број 28 со подлабоки ѕидови на дното се посипува со малку мелени бисквити или со презла и врз него се распоредува првиот слој.
Убаво е основата да ја работите за секој слој посебно, затоа што додека се приготвува наредниот слој, претходниот стои во фрижидер да подзацрвсти.
Врз вториот слој се премачкува слојот со малините, а над него слојот со нутелата.

Тортата се остава преку ноќ или неколку саати убаво да стегни, па се спрема преливот.
Се загрева слатката павлака и во неа се додава белото чоколадо да се стопи, па се додава какао путерот. Во овој случај какао путер додадов за подобра структура и вкус бидејќи белото чоколадо не е како црното, а сакав светла глазура заради чоколадните букви. Така иако знаев дека не можам да очекувам бела боја, сепак бојата дојде како ваклана и проѕиркаста, при што се решив да ја нијансирам со малку жолта боја во прав, која на мое изненадување се претвори во портокалова хахаха. Портокаловата на сликите не се забележува толку заради ноќното осветлување.
За рабовите стопив црно чоколадо со слатка павлака и малку ја исшарав мрзливкава да личи посвечена, родненденски ;)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани