Овој рецепт е всушност идеја како со само 5 состојки да искористите заостанат пандишпан или друго слатко пециво, па и на блиските да им спремите десерт за вистинско уживање. Ако сакате да го пробате, а сепак немате пандишпан, употребете купени тортички, бисквити, кроасани, чајни кекси и сл.
1. Прашокот за пудинг растворете го во дел од млекото.
2. Останатото млеко измешајте го со шеќерот и ставете го на оган да зоврие.
3. Додадете го пудингот и мешајте додека смесата не згусне.
4. Тргнете од оган, додадете чоколадо, нека се истопи додека мешате.
5. Покријте го пудингот со стреч фолија и оставете околу 40 минути да се излади.
6. Цврсто изматете ја слатката павлака.
7. Додадете ѝ го пудингот.
8. Измешајте со шпатула за да се соединат двете смеси.
9. Пандишпанот или ситно исецкајте го, искинете го или ако е ронлив изронете го.
10. Во чаши за десерт наредете – ред пандишпан, ред фил и се така додека да се наполнат.
11. Мене ми излегоа три чаши како на сликата и 2 мали длабоки чинии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови