Меркиве за рецептов се призволни, а вие можете да си ги прилагодите според вашите потреби односно да зголемите доколку сакате.
Комприте се мијат, се бришат и се сечат на прачиња со дебелина од околу 8 милиметри.
Парчињата компир се ставаат во плех постелен со пек хартија, обилно се полеваат со маслиново масло и се наросуваат со сол и со оригано.
Се печат во загрена рерна на 200 степени десет минути.
Младото кромитче ситно се сецка и се меша со кајмакот.
После 10 минути печење компирите ги вадиме од рерна ги мачкаме со кајмак и повторно ги враќаме да се печат уште 10 минути.
Ова предјадење е многу вкусно и се служи топло.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови