Многу добар рецепт, посебен вкус даваат печурките од видот лисичарки и виното.
Во врела вода се ставаат печурките лисичарки да омекнат.
Во еден сад се става околу 1 л вода да зоврие и во неа се варат макароните. Кога се сварени се цедат.
На малку масло се става ситно сецкан морков, кромид, пиперка, лукче и исцедените
печурки да се динста. При крајот се додава меленото месо и тоа да се запржи.
Во садот се додава виното и сосот од домати, а потоа и исцедените макарони, се' убаво се промешува и се зачинува по вкус.
Се става во тава се наросува со рендан пармезан и се пече на 200 степени 20тина минути.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови