Превкусно тоблероне со мед и сусам, кое може да се искористи во пости,
што секако не е задолжително, па користејќи млечно чоколадо и мрсни бисквити, имате исто така многу вкусна мрсна варијанта.

1. Сусамот се потпекува без масло, се лади.
2. Лешниците исто така се потпекуваат, им се отстранува лушпата, се ладат и се сечкаат во сечко.
3. Во тенџерче се ставаат чоколадото, шеќерот во прав, маргаринот и медот, се топи сето заедно убаво да се соединат состојките, но не да преврие.
4. Штом се стопи сето, тенџерчето се трга настрана, му се додаваат мелените бисквити, потпечениот сусам и лешниците.
5. Се меша сето заедно и додека е топла смесата се распоредува во калап во форма на триаголник, обложен со најлонска фолија која е премачкана со малку масло.
6. Се остава да се излади на собна температура, а потоа се става во фрижидер да се стегне.
7. Потоа се отстранува најлонската фолија од калапот и се премачкува со глазурата од стопено чоколадо и масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани