Од наведенава количина на состојки излегуваат 4 чаши.
Најнапред го приготвуваме кафето, го мешаме со шеќерот и ликерот.
Портокалите ги лупиме, чистиме од белите жилички и ги сецкаме на не многу ситни парчиња.
Маскарпонето го миксираме со шеќерот во прав.
На дното во секоја чаша ставаме по две кршени пишкоти.
Попрскуваме со по 1 лажица од кафето.
Ставаме од портокалите.
Наросуваме од лешниците.
Ставаме од сирењето.
Постапката ја повторуваме уште еднаш.
Завршуваме со лешници.
Оставаме во фрижидер убаво да се излади и послужуваме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани