Во нутрибулет ги ставаме излупената праска и јогуртот.
Соединуваме.
Во еден сад ја префрламе смесата, додаваме јајце, сол, ванила, шеќер, рум и пециво.
Соединуваме.
Го додаваме и брашното.
Треба да добиеме смеса како онаа за уштипци, значи погуста од смесата за палачинки.
Во касерола загреваме масло.
Со намастено лажиче земаме од сместа и пржиме на умерен оган од двете страни за да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфети.
Посипуваме шеќер во прав и послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани