1. Тиквичките се мијат убаво и се сечат на кругови (не многу тенки).
2. На тиквичките им се додава солта и се оставаат 30-40 мин. за да се извлечи водата од нив.
3. Тиквичките се бришат со кујнска хартија и се ставаат да се печат во малку намаслена грил тава.
4. За сосот, лукот се ренда и се додава во павлаката.
5. Во павлаката се додаваат и копарот и солта, се промешува и сосот е готов.
- Сосот се става врз испечените тиквички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови