Исечкајте го ситно кромидот, а тиквичките и компирот изрендајте ги на крупното ренде. Ставете ги во тавче со малку масло и заедно испржете ги додека омекнат со често мешање.

Додадете ги зачините и сувомеснатото исечкано на помали парчиња и се убаво израмнете.

Изматете ги јајцата со јогуртот и ренданиот кашкавал и прелијте ги тиквичките и компирите одозгора. Малку со вилушката избоцкајте.

Печете на 180С додека не фати убава кора одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани