Јас користев варена и добро исцедена тиква.
Може да се користи и парче печена тиква, која уште додека е топла ја пасираме со вилушка.
Во еден сад ги соединуваме шеќерот, пасираната тиква, растопениот и изладен путер, зачините, лешникот и брашното.
Замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Во зависност од водливоста на тиквата можеби ќе бара да се додаде најмногу уште една лажица брашно.
Добиеното тесто јас го поделив на 2 дела.
Во едниот ставив крупно рендано црно чоколадо.
Од двата дела сучиме коричка со дебелина од 2-3 мм.
Со помош на мала коцкичка, алатка вадиме форми и ги редиме во плех.
Ги печиме околу 12 минути.
Нека се изладат малку, па одлични, миризливи, слатки грицки се за попладневно кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани