За тиганици и пишии рецепти никогаш доста... нека го има и овој покрај сите други останати овде напишани.
Постапка
- Во садот во кој ќе месите ставете 2/3 од брашното во кое ќе направите каденче и овде ставете квасецот и шеќерот, додадете ја водата и киселото млеко, почнете да месете притоа додавајки си по малку од остатокот од солта, брашното и маслото. Не го истурајте целото брашно, бидејќи многу зависи од самото брашно колку ќе е доволно за да добиете меко тесто кое не се лепи за рацете. Доколку пак, ставајкќи ги сите состојки оцените дека е тврдо тестото - значи пред да го домесите, додадете уште малку млака вода. Значи водата ќе ја ставите, а со брашното внимателно понатаму - можно помалку да затреба, можно и повеќе. Но - мислам ќе го немате тој проблем.
- Убаво измесеното тесто покријте и оставете го да стаса дуплирајки го својот обем.
- Извадете од садот тестото - поделете на еднакви парчиња големина која вие ќе си ја изберете. Ставете го маслото во тавка да се загрева. Со рака земајте од тестото кое не треба да стасува повторно - формирајте тиганица растеглувајки со рака, пржете.
Овие тиганици се мекички, вкусни како и да ги послужите или така само засебно. Кај мене со слатко од боздел и сирење.
Одлични за доручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани