Од сите состојки се замесува тесто, тврдо како за леб. Тестото се дели на два дела и од секој дел се расукува кора со дебелина од 1 цм. Од кората се вадат форми со чаша, се сечат правоаголници или било какви форми по желба и се пржат во загреано масло. За да бидат посоленки или се става сол во маслото за пржење или веднаш откако ќе се извадат од маслото се посолуваат одозгора.
Од истото тесто може да направите и панцероти со фил по желба (сирење, урда, шунка, кашкавал, печурки, маслинки, кечап и сл. )
За панцеротите од истото тесто се расукуваат овални корички со дебелина од ½ цм. од едната страна се става фил по желба, се преклопуваат и за да се затворат убаво од страната се прави витка. Исто така се пржат во врело масло.

* Забелешка: Доколку во тестото не ставите сол и не ги посолите по пржењето, испржените пишии можете да ги попарите со шербет и исти се на вкус како тулумби.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови