Зеленчукот се мие и се сецка по избор, можете на ленти, а може и на кругови. Освен модриот домат кој претходно треба да е посолен и отстојан околу15 мин да излезе од него горчливиот сок кој со салфета ќе го впиете.
Така приготвениот зеленчук се става во вок тава со маслинов зејтин и се динства кратко колку да омекне.
Се додаваат зачини по избор, соја сос, може сос од домати, магданос и малку лук во прав.
Сето ова се меша со варените тестенини и одозгора кој сака може малку пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани