Конечно го објавувам мојот јубилеен 100ти рецепт. Изразувам благодарност за дружењето, споделените рецепти и многу новитети кои ги научив од сите вас. Се дружиме и понатаму и споделуваме убави рецепти.

За мојот 100ти рецепт се одлучив за еден мој омилен чоколаден колач. Рецептот е доста интересен и од основната смеса може да се направат и колачиња во калапи. Јас се одлучив за колач, печен во правоаголен сад. Овој колач уште се вика кал колач, кал торта (муд цаке на англиски) е прекрасен, бидејќи тестото е сунѓересто и влажно и мноооогуу чоколадно. Може да се искомбинира и со топка сладолед, овошје или немора со ништо, вкусен е во секој облик.

Начин на подготовка
Путерот и чоколадото се топат на пареа со постојано мешање. Се додава шеќерот.
Кога ќе се растопат, се додава брашното и кратко се промешува на топло. На крај се додава пецивото и се лади смесата.
*За да го забрзате процесот на ладење на смесата, наполнете длабок сад со ладна вода и мраз и врз него ставете го садот со чоколадната смеса. Кога ќе биде млака сместа, префрлете во замрзнувач на 10тина минути, не повеќе и оладете убаво до крај.
Во оладената смеса се ставаат 5те јајца, едно по едно и се меша постојано со миксер.
*Заради јајцата смесата мора да е ладна, ако е потопла, ќе се сварат предвреме и нема да добиете убава густа смеса.
На крај од матењето се додава кафето и какаото.
*Ако сакате замена може и турско јако кафе. Јас го обожавам вкусот на велвет инстант кафето и затоа го користам и во рецепти.

Во намрсен правоаголен калап, се става смесата. Калапот треба да биде полн 3/4. Се пече на 250 степени, 10 мин- додека да фати коричка во горниот слој. Се намалува на 220 степени и се пече уште 10-15 мин. Се пече уште 10 мин на 180 степени. Се трга фолијата, се исклучува рерната и се остава малце да се „суши“.

*Ако имате повеќе смеса (зависно од калапот) др дел ставете го во калапи за мафини и печете ги 5-6 мин, на 250 степени.

Одкако ќе се олади по 1-2 часа, се наросува со шеќер во прав.

*Ако сакте може и со чоколаден ганаж, но бидејќи самиот колач е доста чоколаден и влажен, нема потреба дополнително да му се додава чоколадо. Во тој случај би бил екстра чоколаден колач!

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови