Телешкото месо поточно филетите, ги оддиплуваме и ги премачкуваме со сенф.
Не ставив многу оти не ми го сакаат.
Попрскав буковец, па ги наредив макароните.
Печурките ги распоредив по цела должива и зачинив.
Кашкавалот го изрендав и го завикав ролатот.
Така направив на сите три парчиња.
Во тавчето ставив фолија па ги наредив ролатите.
Попрскав масло, сол и црн бибер, па додадов 1 чаша бело вино и ловор лист.
Затворив и оставив да крчка 40минути.
Готовата храна ја сервирав со зеленчукот на пареа.
Зеленчук
Брокула, морков, компир, во зависност од потребите. Јас ставив од се по 2 парчиња.
Ги измив добро и ги ставив во апаратчето за готвење на пареа.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови