Мене најубава и највкусна чорба. А денес на менито е чорба од шќембе.

1. Во сад го ставаме шкембето, морковот и компирите да се варат. Кога ќе се сварат шќембето се сечка на ленти, а морковите и компирите се пасираат.
2. Коската телешка се вари 1 саат во експресен лонец. (Тоа може да се направи одвечер). Кога ќе се свари се остранува коската и се прецедува течноста.
3.Водата се соединува со шќембето и се остава да се варат заедно.
4. Чорбата се запржува со брашно и црвена пипер на масло.
5. На крајот се става магданос.

ПС- Јас си декорирам со сечкано лепче на коцки и буковска пипер во чинијата.Така ми е најуба. Наздравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани