1. Од наведените состојки се замесува меко нелепливо тесто. Се дели на 10топчиња кои се премачкуваат со масло. Се оставаат да одморат.
2. За тоа време на тавче со масло се пржи кромидот се додава ренданиот свеж (жив) компир, биберот и солта. Се исклучува и спремно е за филување.
3. Се зема едното топче се сука прво со сукало, а потоа со намрсени раце се тегни на чаршав. Се прска кората со масло се реди филот од компири и со чаршавот се превиткува навнатре кората.Така се редат сите други кори.
4. Се печи во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе се испечи и ќе стане румена, се вади тепсијата и се прелива со зовриената вода со масло и сол и пак се враќа внатре во исклучена рерна. Излегуваат две тепсии од бр28.
ПС
Филот може да го смените да ставите по ваш избор, о ви препорачувам да пробате со компири -феноменално е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани