Во длабок сад ставете го брашното, додадете ја солта и промешајте. Потоа додадете го маслото,  полека додавајте брашно и замесете тесто.
Овие мерки за брашно и вода се прецизно мерени и треба да ви стигнат за да замесите убаво тесто меѓутоа ако забележите дека е тврдо тестото додадете вода.
Тестото измесете го убаво, а потоа на набрашнета маса поделете го на две топки, премачкајте ги со малку масло за да не се залепат и фатат кора и оставете ги на собна температура најмалку 30 минути.
На набрашнета маса ставете една од топките, со сукалка направете кора и премачкајте ја со топло масло (прво премачкување), убаво премачкајте ја цела кора и оставете да стои. Постапката повторете ја и со другата топка тесто.
Корите оствете ги 30 минути да стојат на собна температура.
По 30 минути на маса постелете чаршав ставете ја едната кора и почнете да ја растегнувате нежно од сите страни за да добиете убва голема кора.
Врз кората попрскајте со растопен маргарин (второ премачкување) кората од двете страни на чаршавот звиткајте ја како на сликата, а потоа поделете ја на половина и направете банички.
Доколку сакате фил ставете си по желба јас некогаш ставам урда, праз, а некогаш и празна секако е многу вкусна.
Баничките ставете ги во тавче и одозгора попрскјте ги со растопен маргарин.
Постапката повторете ја и со втората кора,правете банички со големина која сами ќе ја одредите.
Печете на 220 степени додека се добие убава румена боја, пред да ги извандите од рерна попрскајте ги со врела вода и печете уште 2-3 минути мегутоа внимавајте многу да не ги напрскате.
Ова е рецепт кој во нашиот дом често се подготвува.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови