Пред да започнеме со подготовка прво ги миеме и ставаме компирите да се варат.
Нека не бидат целосно варени, доволно е да се полуварени.
Замесуваме убаво меко тесто од состојките кои се наведени.
Го оставаме тестото да се одмори, да се дуплира.
Тестотот треба да е мазно и убаво изработено.
Откако е дуплирано, тестото го делиме на неколку парчиња во зависност од тоа колку корички сакате да напрвите и секое парче го ставаме во тавче кое претходно го намастивме.
Се зема по едно топче и се истегнува кора. Врз секоја кора се ренда полуварен компир, па се зачинува со мешан зачин, црн бибер и сув власец.
Кората се витка во вид на полжав и се реди во намастен плех. Се повторува постапката со сите топчиња и  се остава уште кратко да однмори тестото од работата.
Се пече во загреана рерна додека не зарумени.
Оваа кораа мајка ми ја спремаше и со кисела зелка и со пире.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови