Прво го подготвуваме филот за да има време да се излади.
Во тава ставаме масло и путер.
Ги додаваме шеќерот, јаболката сецкани на коцки и запржуваме, да испари скоро течноста која ќе ја пуштат јаболката.
Додаваме вишни, цимет, гриз и орев.
Соединуваме.
Во вангличка го ставаме сецканиот путер, ванилата, шеќерот, јајцата, рум, сол, млеко и промешуваме.
Додаваме брашно и пециво.
Замесуваме со рака да добиеме мазно тесто.
Од тестото одделеуваме 1/3.
Остатокот на тесто го сучиме во правоаголна кора, која ја поставуваме во правоаголна ростер тава.
Врз тестото го нанесуваме филот.
Со остатокот на тесто правиме долга тесна кора, која ја сечеме на ленти.
Лентите тесто ги поставуваме врз филот.
Печиме во загреана релна на 200 с околу 25 минути.
Оставаме кратко да се излади.
Сечеме на коцки, нежно наросуваме шеќер во прав и послужуваме со поладневно кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани