Одлична варијација на познатиот таратур со краставици, освен што додаваме тиквички наместо краставици. Превкусно!
Исто така можете да додадете сирење ако сакате или додадете половина краставица, половина тиквички - секако е вкусно.

Подготовка

Излупете ја тиквичката и исечете ја на мали коцки, посолете ги и ставете ги на кратко да се запечат на хартија за печење.
Ставете ги тиквичките во подлабок сад, додадете го исечканиот лук, малку масло и сол по вкус. Промешајте.
Додадете ја павлаката откако ќе се оладат тиквичките и измешајте.
Посипете толчени ореви или лешници одозгора.
Комбинирајте со чашка ракија

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови