За жешките денови што ни претстојат, освежително смути. Изненадете ги гостите со ваков начин на приготвување на таратур.
Овој рецепт се однесува на една порција таратур. За рецептот пожелно е јогуртот да е убаво изладен.
Најпрво краставичката се лупи и се сецка на четвртинки. Се посолува, се наросува мелен црн бибер, па по вкус се додава и лук во прав.
Краставичката се блендира, се додека не се добие кремаста смеса.
Во садот се додава јогуртот и повторно убаво се блендира. Ќе добиете нежно- зелена боја на напитокот.
Изладете го повторно, и уживајте во освежувањето!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови