Се загрева рерната на 200 степени. Се сечат тиквичките на половина по должина, со лажица се вади средината. Се редат на намастена тава, се става масло, сол и бибер и се печат околу 10 минути.
На тавче со масло се запржува меленото месо. Откако ќе добие боја се додаваат кромид, пиперка и лукче, уште малку масло и се пржат на среден оган околу 5 минути.
Се додаваат зачините, потоа сос од домати и вода и се готват додека не се готови тиквичките.
Се полнат тиквичките со меленото месо и се додаваат состојки по избор.
Јас ги сервирав со рендана зелка, сецкани домати, магдонос, лути феферонки и авокадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови