- Бабо, што имаш за ручек?
- Тавиче.
Ах, мириси од детството, спомени и сеќавања... Баба Мика веќе некое време ме чува од таму некаде, а ваквите „тавичиња„, секогаш ме потсетуваат на времето поминато во нејзината близина. Баба ми беше мајстор за едноставни јадења, макала, пинџури, тавичиња, колпите, шеќерпаре. Јас сум третата генерација која го прави гравот на нејзин начин, но никогаш не е како нејзиниот. Како и ова тавиче. Како и секој направен пинџур... Готвењето на нејзините јадења, ме прави да сум поблиску до неа или таа до мене...

Кромидот исчистете го и исецкајте го поситно. Испржете го на тава со загреана маст, па додадете ги колбасите исечени на подебели тркала. Пржете кратко, само колку да замирисаат колбавчињата, па потоа додадете го измиенит ориз. Промешајте добро и пржете, додека оризот не почне да станува стаклест. Додадете го црвениот пипер и биберот. Сега додадете ја топлата вода и повторно добро промешајте. Досолете по вкус.

Печете во загреана рерна, додека не испари течноста, но внимавајте да не го пресушите оризот.

Толку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови