Една необична тава, но многу вкусна.
Тестенините сварете ги.
Тиквичките исечете ги на тркалца и испржете ги.
Меленото месо испржете го со кромидче.
Во павлаката додајте јајца, рендано лукче посолете, додајте црн пипер и сув зеленчук.
Земете тава и редете одоздола тиквички, врз нив мелено месо, после тестенини, пак ред тиквички, мелено месо, тестенини, и завршуваме со тиквички.
Врз тиквичките истурете павлака со јајца и ставете во загреана рерна да се подпече околу 30 минути. Кога ќе биде готово извадете и наросете со магдонос.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани