Овој тип на јадења ми е идеален за пролет и лето и ги припремам во различни варијанти и комбинации.

Исечкајте ги пиперките на парчиња и ставете ги да се испржат на малку масло додека не омекнат.
По 10тина минути пржење, додадете го исечканиот кромид и лук и нека се пропржат заедно додека не омекнат и не почнат да добиваат боја.
Потоа додадете доматен сос, можи и пасирани домати или исечкани домати на парчиња, додадете зачини по желба и одозгора скршете јајца и со покриен капак оставете нека се запечат. Јас ја користев Делимано тавата со рачки и со капак.
Наросете буковска пипер над јајцата откако ќе бидат готови.

Комбинирајте со свежа салатичка и топло лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови